Добредојдовте во Cardio Art

Здравјето на вашето срце е наша грижа и довербата што ни ја давате е наш најголем приоритет.

Специјализирана кардиолошка ординација, каде вашето здравје и здравјето на вашето срце се наш приоритет. Посветени за обезбедување на највисок квалитет на медицинска грижа, дијагностика и третман со фокус за превенција на кардиоваскуларните заболувања. Нашиот тим од врвни експерти во својата област, се тука да се погрижат за вас и вашите најмили. Со здраво срце, отчукувањата продолжуваат ❤️

Услуги кои ги нудиме:

  • Кардиоваскуларни прегледи
  • Педијатриски кардиоваскуларен преглед
  • Доплер на каротиди
  • Доплер на артериски вени
  • Доплер на вени
  • Транскранијален доплер
  • Ултразвучен доплер на крвни садови на вратна регија
  • Ултразвучен доплер на крвни садови на дојка и аксиларна регија
  • Ултразвучен доплер на уринарен тракт и тестиси
  • ЕКГ Холтер
  • НПМ Холтер
  • ИНТРАВЕНСКИ ИНФУЗИОНЕН ТРЕТМАН
  • ИМУНОСТИМУЛИРАЧКИ, РЕГЕНЕРАТИВЕН, АНТИОКДСИДАТИВЕН, АНТИ-ИНФЛАМАТОРЕН МУЛТИВИТАМИНСКИ ИНТРАВЕНСКИ ТРЕТМАН
  • Хипербарна комора
  • Лабораториски анализи
  • Коронарен стрес тест
  • Ултразвучен доплер на крвни садови на абдоминална регија

Нашиот тим

Броиме 15 вработени од кои 3 доктори, 8 сестри и 4 администратори. Грижата за нашите пациенти е потврда за искуството и експертизата на нашиот тим.

Технологија

Најсовремена ехо сонда и ехокардиографски софтвер за дијагностицирање на сите состојби на заболувања, 12 канален ЕКГ запис, стрес тест трака со 7 нивоа на оптоварување, ЕКГ и НПМ холтери од познати брендови и современа хипербарна комора.

Закажување термин

Имате можност да закажете термин преку кликање на копчето " Закажи термин " на нашата веб страница или преку нашите броеви +389 32 397 888 и +389 70 670 670.

Лабораторија

Нудиме широк спектар на лабораториски услуги и кардиолошки лабораториски пакети.

Прегледи

Вршиме кардиоваскуларни прегледи, педијатриски прегледи и трансезофагеално ехо.

Доплери

Доплер на каротиди, артериски крвни садови, вени и транскранијален доплер. Исто така вршиме и ултразвучни доплери на крвни садови на вратна регија, дојка и аксиларна регија, абдомен и уринарен тракт и тестиси.

Стрес тест

Коронарен стрес тест каде го следиме максималното оптоварување на кардиопулмуналниот систем, со што може да се докаже присуство или отсуство на болест на крвните садови на срцето.

Холтери

ЕКГ холтер за испитување на електричната функција на срцето за период од 24 часа и НПМ холтер за следење на варијациите на крвниот притисок во период од 24 часа и проценка на ефектот на дадената терапија за лекување на висок крвен притисок.

Инфузиони третмани и хипербарична комора

Најсовремената хипербарична комора, во комбинација со инфузиони мултивитамински и антиоксидантни терапии во лекувањето кај кардиоваскуларните, ендокринолошките, гастронетерохепаталните и невролошките заболувања и посебно кај пациенти со хронични и акутни рани кои не зараснуваат.

ЗАПОЗНАЈ ГИ

НАШИТЕ ЕКСПЕРТИ

Превенцијата на кардиоваскуларното здравје е наша обврска!

Закажете термин кај нашите искусни и професионални доктори, денес!

Закажи термин
CardioArt Logo

Превенцијата на кардиоваскуларното здравје е наша обврска!

Кардио Арт

Линкови

Претплатете се на информативен билтен

© 2024, Сите права се заштитени CardioArt