Целосно решавање на проширените вени и рани во Кардио Арт

Кога пациент има сериозна рана, која перзистира неколку години,

истата наместо да зараснува, продолжува да се шири, инфицира и продлабочува.

Се доведува до степен и ризик за можна ампутација на нога!!!

Нашиот центар има 3 чекори кои се задолжителни:

1. СООДВЕТНА И ПРЕЦИЗНА ДИЈАГНОСТИКА ЗА ПРИЧИНА НА РАНАТА: 

- АРТЕРИСКИ ДОПЛЕР, кој е доста едноставен и се проверува артериската циркулација во ногата.

- ВЕНСКИ ДОПЛЕР, кој е доста посложен и бара да се одреди степенот на нефункционалност на вените, НО и поврзаноста на сите површни и длабоки вени, каде со точна и прецизна дијагностика ја добиваме и причината за венските рани.

2. ТРЕТМАН НА АРТЕРИСКИ И ПОВРШЕН ВЕНСКИ СИСТЕМ:

- АРТЕРИСКИ ТРЕТМАН- Балон дилатирање или стентирање на запушените артерии на нозете, каде е најбитно да се обезбеди доволна циркуцација до самото стапало

- ПОВРШЕН ВЕНСКИ  ТРЕТМАН- Најсовремено и уникатно третирање на проширени површни вени, каде во нашиот центар користиме наш унифициран протокол, кој е специфичен само за нашиот центар, каде после 2200 третирани пациенти самиот протокол дава 100% гаранција за доживотно решавање на површните проширени вени!!!

3. ТРЕТМАН НА РАНИ - НАЈСОСВРЕМЕН И НАЈНАПРЕДЕН:

- од кога ќе ја отстраниме причината за раната(артериска или венска или комбинирана), се пристапува во фаза на третирање на самата рана, каде посебно едуциран тим од медицински персонал прави  третман на рани:

А) стерилни преврски

Б) специјални комбинации на глутатионски инфузии и специјализирани ПРП третмани

В) најсовремени вакуум преврски, за кои е специфично КАКО И КОГА треба да бидат постаени на раната.

Сите овие чекори се неопходни за:

1. прецизно дијагностицирање

2. отстранување на причината за раната

3. комплетно зараснување на самите рани

Горд сум на нашиот специјализиран тим за огромниот успех во третманот на сложени венски и артериски проблеми и третирање на комплексни рани, кои го постигнавме во последните 4 г кај повеќе од 2200 најсложени состојби кај пациенти во Македонија и регионот надвор од државата!!!

=> Правилно формиран и соодветно едуциран тим, кој со огромна посветеност се грижи за пациентот од самиот почеток до конечно решавање на неговите проширени вени и рани!!! 

- Д-р Сашко Николов

CardioArt Logo

Превенцијата на кардиоваскуларното здравје е наша обврска!

Кардио Арт

Линкови

Претплатете се на информативен билтен

© 2026, Сите права се заштитени CardioArt

Изработено од КОДПРЕНЕУР ДООЕЛ