Како до откривање на проширени вени?
Проширените и нефункционални вени предизвикуваат состојба која започнува со неколку симптоми како што се:
Отоци на потколениците при краткотрајно или долготрајно стоење, кое подоцна се манифестира со болка во мускулите на бутот или листовите при стоење и кога пациентот ќе легне да спие доаѓа до појава на чувство на јака топлина, пецкање и трпнење во нозете, а кога ќе ги откријат нозете истите се всушност ладни и на крај доаѓа до појава на грчеви во листовите во тек на спиење.
Во поодминат стадиум на состојба на проширени вени доаѓа до промена на бојата на кожата на потколениците и околу зглобовите, која кожа во поодминат стадиум започнува да прави рани, кои некогаш зараснуваат сами по себе, но подоцна повторно се појавуваат и со секое ново појавување истите се пошироки и подлабоки од претходните.
Како последица на горе споменатото, може во одредени случаи да се јави и тромбоза на овие проширени површни вени, кои може да направат и длабока венска тромбоза, која може сериозно да го загрози животот на пациентот со појава на инфаркт на бели дробови (белодробна тромб емболија).
Еден од најефикасни начини за рана детекција и превенција е доплер-ултразвук на нозете. Ова е неинвазивна дијагностичка метода, која трае од 15 до 20 минути и може да даде важни информации за состојбата на вашите крвни садови (вени и артерии).
Навременото откривање на проширени и нефункционални вени може значително да го намали ризикот од компликации.
Не ги игнорирајте симптомите – закажете доплер на екстремитетите!