Спасена нога на пациентка со проширени вени и венска фистула
Пациентка со проширени вени и дополнителна венска фистула(комуникација помеѓу артериите и вените) на самото стапало кои предизвикале некроза и рана на десното стапало.
-> направена е успешна интервенција на површните проширени вени
-> после 1 месец е направена сложена процедура на затворање на венската фистула на стапалото со специфични техники.
=> потоа е продолжено со:
1. Специфичен третман на раните на стапалото, со пулсно магнетна и ласер терапија
2. Глутатионски инфузии
3. Специфично ПРП за третман на рани
4. Соодветни преврски од специјално обучен тим за третман и преврски на рани.
Пациентката пред да дојде кај нас имала препорака за парцијална ампутација на стапалото.
Но со добра дијагностика и терапевтски методи и посветеност на нашиот тим успеавме да го зачуваме стапалото !