Совети за здраво срце
Консумирајте здрава храна
Здравата исхрана е потребна за одржување на физичкото и менталното здравје.
- Јадете повеќе зеленчук и овошје, тие содржат многу витамини, минерали и антиоксиданси кои го зајакнуваат срцето.
- Намалете ја солта, премногу сол може да го зголеми крвниот притисок.
- Консумирајте здрави масти, незаситени масти како маслиново масло, авокадо и риба.
Доколку се одлучите да јадете месо, не повеќе од 150 до 200 гр во еден оброк и во овој случај избегнувајте јадење на дополнителни јаглехидрати како што е лебот.
Пијте вода редовно
Водата помага во подобрување на метаболизмот, прочистување на токсините и одржување на енергијата низ целиот ден. Пиењето една до две чаши вода изутрина го буди метаболизмот и ја подобрува функцијата на органите, ве подготвува за претстојниот ден.
Контролирајте го стресот
Стресот е природна реакција на телото на предизвици и притисоци, но стресот може да доведе и до срцеви заболувања. Затоа, применувајте техники како длабоко дишење или јога, но и редовната физичка активност проследена со доволно сон, помага во намалување на стресот.
Доволно сон
Спиењето по 7 или 8 часа дневно исто така придонесува да го зачувате вашето срце здраво.
Физичка активност
Се препорачува пешачење од по 40 минути, 5 пати во неделата или фитнес 2 до 3 пати неделно.
Превенција на вашето здравје
Редовните кардиоваскуларни прегледи и лабораториски анализи можат да превенираат и навремено да откријат срцеви заболувања, што овозможува рана интервенција и намалување на ризикот од сериозни компликации.
Закажете го вашиот редовен преглед!
+389 70 670 670 и +389 32 397 888
Можност да закажете и преку нашата веб-страница.