ЗОШТО СТРЕС ТЕСТ?

Кардиоваскуларниот стрес тест или тест на лента за трчање е важна дијагностичка метода за проценка на здравјето на срцето и крвните садови. 

Стрес тестот се користи за следење на работата на срцето за време на физички напор, додека пациентот вежба на лента за трчање, со цел да се забрза срцевиот ритам и да се провери како срцето функционира под стрес. 

Придобивки од стрес тестот:

  1. Откривање на коронарна артериска болест
    Стрес тестот помага при откривањето на стеснувања или блокади на коронарните артерии. Ако артериите се стеснети, може да се појави болка во градите, видливо на ЕКГ, што укажува на можност за коронарна артериска болест.
  2. Проценка на функцијата на срцето
    Во текот на тестот се прави континуиран мониторинг со 12-канално ЕКГ. Се следи дали ќе се појават промени во ЕКГ записот кои би укажале на евентуално присуство на исхемична срцева болест.
  3. Навремено откривање на срцеви аритмии
    За време на тестот може да се појават абнормални срцеви ритами (аритмии) кои не се видливи во состојба на мир.
  4. Следење по срцев удар или операција
    Кај пациенти кои претрпеле срцев удар или имале хируршка интервенција, стрес тестот може да покаже колку добро се опоравува срцето и дали третманот е успешен.
  5. Проценка на ризикот од идни кардиоваскуларни болести
    Врз основа на добиените податоци, тестот овозможува проценка на ризикот од идни кардиоваскуларни настани, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар или срцева слабост.
    Ова им овозможува на докторите да развијат индивидуализиран план за превенција или третман, што може да вклучува промени во животниот стил, медикаментозна терапија или други интервенции.
  6. Ефикасност на терапијата
    Кај пациенти кои се на терапија за срцеви заболувања, стрес тестот може да покаже дали лековите се ефикасни во контролирањето на симптомите и подобрувањето на функцијата на срцето за време на физички напор.
  7. Спортско-медицински преглед кај атлетичарите и спортистите
    Со него се проценува општата кондиција преку дотурот на кислород и ризикот за појава на несакан кардиоваскуларен инцидент во тек на напор.


Стрес тестот дава сеопфатен преглед на реакцијата на срцето при физички напор, помага во рано откривање на кардиоваскуларни проблеми и овозможува проценка на моменталната состојба на срцето.

CardioArt Logo

Превенцијата на кардиоваскуларното здравје е наша обврска!

Кардио Арт

Линкови

Претплатете се на информативен билтен

© 2025, Сите права се заштитени CardioArt